Витаминка ги претставува своите производи на саемот ISM 2022 во Келн, Германија, којшто се одржува од 30 јануари до 2 февруари. ISM 2022 е најголемото саемско случување за кондиторски производи и присуството на овој саем е единствена можност за воспоставување нови деловни релации и пробивање на странски пазари. Овој саем важи за најдоброто место каде што една компанија може да се информира за движењата на пазарот и за сопствените компетитивни предности.
„ISM Келн е најголем светски саем специјализиран за кондиторија. Тука изложуваат најзначајните фирми од оваа индустрија и доаѓаат посетители од целиот свет. Годинава, иако под пресија на пандемијата, со програмата, учесниците, активностите и можностите што ги нуди, ISM Келн уште еднаш си ја потврди репутацијата како најзначајно место за промовирање на еден производител. Витаминка е редовен изложувач тука и во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Истовремено, со нашата разновидна, богата и квалитетна понуда високо се позиционираме во нивото на производители и изложувачи присутни тука“, вели Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.
Оваа година на саемот во Келн учествуваат повеќе од 1.800 производители од 76 земји од светот, а се очекуваат повеќе од 38.000 посетители од индустријата и сегментот кондиторија сите страни на светот.