Федералната влада на Германија и претставниците на 16 германски покраини се согласија за продолжување на целосното затворање поради епидемијата на вирусот корона до 31 јануари, со цел да се запре ширењето на инфекцијата, објави весникот „Билд“.
„Бројките се уште се премногу високи, така што ќе мора да ги продолжиме ограничувањата“, рече министерот за здравство Јенс Спан за телевизијата РТЛ во интервју во саботата вечерта.
Стапките на инфекции мора да се намалат на одржливо ниво, рече Спан, додавајќи: „Тоа е подобро отколку да се олабави прерано, а потоа, можеби за само неколку недели, да се соочиме со нови и потешки прашања“.
Германија воведе поостри социјални ограничувања на 16 декемврии пред Божиќ, вклучително и затворање ресторани и повеќето продавници. И покрај тоа, инфекциите продолжија да растат, а бројот на жртвите достигна повеќе од 1.000 во некои денови.
Германската канцеларка Ангела Меркел утре со локалните премиери ќе разговара за новите мерки.
Извор: Reuters