Индустриското производство во март годинава е поголемо за 3% воспоредба со март минатата 2025 година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Ова е прв раст на производството во индустријата од почетокот на 2026 година, откако статистиката измери пад од 6,6% во јануари и 4,2% во февруари.
Индустриското производство во преработувачката индустрија бележи раст од 4,3%, додека во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ има пад од 2,3%. Индустриското производство во секторот „Рударство и вадење камен“ во март 2026 година, во однос на истиот месец лани бележи пад 6,2%.
Повеќето сектори од преработувачката индустрија имаaт поголемо производство во март годинава во споредба со март минатата година
Статистичките податоци покажуваат раст на производството во следниве индустрии:
- Тутунски производи: 39,4%
- Производство на компјутерски, електронски и оптички производи: 28%
- Производство на мебел: 21,6%
- Производство на текстил: 9,6%
- Машини и уреди: 8%
- Производство на пијалоци 6,3%
- Моторни возила и приколки: 6,1%
- Производство на храна: 5,8%
- Фармацевтски производи: 4,1%
- Производи од гума и пластика: 11,2%
- Фабрикувани метали: 0,9%
- Производство на електрична опрема: -0,4%
Пад на производството во мај имало кај:
- Хемикалии и хемиски производи: -20,96%
- Производство на облека: -19,3%
- Производство на метали: -12,9%
- Производство на кожа и производи од кожа: -8,5%
- Производство на електрична опрема: -0,4%




























