Германските производители на автомобили песимисти за идниот раст, покажува истражувањето на Ifo. Грижите вклучуваат инфлациски притисоци, слаба економија на Европа, конкуренцијата од Тесла, како и од кинеските производители на автомобили.

Очекувањата на германските производители на автомобили се најлоши од финансиската криза во 2008 година поради инфлациските притисоци, слабиот економски раст во Европа и конкуренцијата од Тесла, како и од кинеските производители на автомобили, покажа новото истражување.

Проценката за иднинатата на компаниите како Фолксваген, Мерцедес-Бенц и БМВ се влоши во јуни, петти месец по ред, на минус 56,9 поени, што е пад од минус 10,3 поени претходниот месец, според истражувањето на Институтот Ifo со седиште во Минхен објавено во средата. Тоа е второ најлошо мерер од минус 67,8 од 2008 година.

Помрачните очекувања следат по порастот на глобалните каматни стапки и зголемениот број на предупредувања за корпоративниот профит, што го нарушува оптимизмот за меко економско приземјување.

„Производителите на автомобили доживуваат голема несигурност, споредлива со раните денови на војната во Украина“, рече Оливер Фалк, раководител на Центарот за индустриска организација и нови технологии Ifo. За да се компензира, производителите на автомобили планираат да ги зголемат цените, особено за моделите на премиум и електрични возила, рече тој.

Германската автомобилска индустрија го зголемува производството на електрични возила, но се бореше да држи чекор со конкурентите. Конкретно Volkswagen се најде под притисок во Кина, нејзиниот најголем пазар, од страна на Tesla и локалните производители на електрични возила, како што е BYD, кој го надмина брендот Volkswagen за прв пат претходно оваа година.

Лошата идна перспектива е во контраст со оценката на производителите на автомобили за нивната моментална ситуација, која значително се подобри од мај на 37,5 поени на индикаторот од 28,4, рече Ifo.