Германско-белгиска инвестиција од 20 милиони евра во изградба на развојно-истражувачки центар со кој ќе се отворат 110 нови работни места, најави денеска премиерот Христијан Мицковски.
Новиот објект ќе почне да се гради во општина Петровец веќе во август, ќе биде надвор од индустриско-технолошките зони, а во него ќе се вработат кадри претежно претежно од инженерската струка.

Епсотех е германска компанија која произведува повеќе од 3.000 производи од рециклирана пластика ќе отвори фабрика во Петровец. Компанијата веќе работи во пет држави во Европа и развива приспособени пластични решенија кои се аплицираат во автомобили, автобуси, возови, авиони, медицински возила.

Eпсотех“ има 60 години искуство и со нас носиме многу вештини. Се надеваме дека тука ќе отвориме повеќе од 110 работни места кои ќе бидат претежно во машинската и инженерската гранка. Би сакале да почнеме со изградба на нова зграда, односно со инвестиција од приближно 20 милиони евра. Сакаме да ги прошириме нашите активности со производствени капацитети тука, во Скопје, односно да работиме на отворање фабрика и нови машини. Веќе имаме шест подружници во Европа, ова ќе ни биде седма, истакна Аламави.
Тој напомена дека „Eпсотех“ е позната по тоа што работи по еколошки стандарди.

Ние сме познати по тоа што користиме рециклирани производи во нашето производство. Не само наши, туку ги користиме и материјалите на нашите клиенти и со тоа користиме материјали и од зелената и од сината економија, односно ги рециклираме материјалите и од земјоделската гранка или од рибарството. Со тоа на материјалите им даваме нов животен циклус, а играме мошне битна улога и во животната средина и во намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид“, изјави Аламави.

Инвестицијата била договарана од претходната Влада на СДСМ. Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќ изјави дека неговиот кабинет, освен со Епсотех, договорил уште 6 други инвестиции кои го чекаат последниот филтер на Комисијата за заштита на конкурентноста, но од принципиелни причини заради изборниот процес не биле обзнанени.