Регулаторната комисија за енергетика рекордно ги намали цените на горивата. Од ноќеска, бензините СУПЕР 95 и СУПЕР 98 поевтинуваат за 7,5 денари, а дизелот за 6,0 денари.
Драматичниот пад се должи на падот на цената на нафтата на светско ниво како резултат на намалената побарувачка за нафта заради корона вирусот, но и заради ценовната војна помеѓу Саудиска Арабија и Русија.
Од Регулаторна комисија за енергетика минатата недела информираа дека додека траат мерките за спречување на епидемијата од корона вирусот нема да има исклучување на вода, струја и парно.