Производството во македонската индустрија во септември годинава бележи пад од 7,9% во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика.
Ова е втор последователен месец како индустриското производство бележи намалување. Во последните 12 месеци, пак, дури осум месеци имало пад на индустриското производство, што е показател на проблемите со кои се соочува македонската индустрија, почнувајќи од високата инфлација, високите каматни стапки, поскапувањето на суровините, транспортот, проблемите во синџирите на снабдување и зголемувањето на платите.
Вкупно за периодот јануари-септември годинава инсутриското производство е помало за 4,2% во споредба со производството истиот период лани.
Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека производството во секторот Рударство и вадење камен индустриското производство во септември годинава имало пад од 7,5%, во секторот Снабдување со енергија, гас има пад од 10%, додека производството во Преработувачката индустрија, каде се создава околу 80% од целото индустриско производство, има пад од 6,3% во септември годинава во споредба со истиот месец лани.
Од 23 гранки во рамки на Преработувачката индустрија, пад на производството во септември имало дури во 15, додека во осум имало раст на производството.
Голем пад во септември годинава имало кај производството на мебел од 27%, производството на метали од 25%, производството на фабрикувани метални производи од 22,8%, производството на облека од 22,9%, кај производството на фармацевтски производи од 12,8%, кај производството на машини и уреди од 9,2% и производството на хемиски производи каде ималео намалено производство за 3,8% во споредба со истиот месец лани.
Зголемување на производството во септември имало кај производството на тутунски производи (+115%), производство на останата опрема за транспорт (+24,8%), кај производството на прерханебни производи (+2,9%), производството на електрична опрема (+13,8%), производство на моторни возила (+2,6%).