Грчкиот национален авиопревозник Aegean Airlines ги зголемува фреквенциите на летови меѓу Атина и Скопје. Авиокомпанијата првично ќе ги зголеми летовите од два на три неделно, почнувајќи од 1 јуни, по што фреквенциите ќе се зголемат на шест неделно од 29 септември, објавува Еxyuaviation.

Сите услуги ќе се одржуваат со турбопроптивниот авион ATR72 управуван од регионалната подружница на Aegean, Olympic Air.

Aegean Airlines беше една од трите авио компании кои се пријавија на јавниот повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023 – 2025 година кој беше објавен во јануари годинава, но кој беше подоцна поништен откако Комисијата за евалуација на понудите што ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација.

Новиот јавен повик кој беше објавен од Министерството за транспорт и врски на 1 март годинава истече на 31 март, а отворање на понудите беше закажано за денеска во 12ч.

Според информациите на Министерството за транспорт барање за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии доставиле две авиокомпании и тоа Визер и Луфтханза, а меѓу нив овојпат не е грчкиот национален превозник Aegean Airlines.