Акционерското друштво за транспорт, шпедиција, трговија и услуги Даути-Транспортшпед АД Скопје e компанија која цели две децении на своите деловни партнери им нуди комплетни решенија во организирање на меѓународен товарен патен транспорт и царинско застапување. Со своето работење, Даути-Транспортшпед АД Скопје претставува директна поддршка на македонските компании кои тргуваат со светот.   

Во период на брзи промени во домашното и меѓународното окружување, како и турбулентност во сите домени на општествено-економското живеење, да се управува со компанија, значи да се етаблира активен процес на одржување на перманентна долгорочна компатибилност на компанијата со целокупното свое окружување. Во изминатиот период, како и повеќето компании и нашата компанија се соочи со голем број на интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици предизвикани од светската економска криза која секако најмногу ги погодува економиите на помалите држави кои се увозно зависни. Она што како тренд започна во 2021 година, а доминира и во 2022 година е забележителниот раст на цените на суровините и материјалите, енергенсите, како и пораст на трошоците за транспорт на глобално ниво, до дека оваа година прераснува во инфлација.


Најголем предизвик и прв приоритет за периодот што следи и понатаму останува грижата кон вработените, доследност на довербата дадена од деловните партнери и остварување на планските цели.

Политиката на интегриран менаџмент систем на Даути-Транспортшпед АД Скопје има функционална вредност во рамките на вкупната политика, стратегија, контекстот на организацијата и корпоративните цели на компанијата, согласно позитивните прописи и нормативи на националното и меѓународното право, меѓународниот стандард ISO 9001, како и концептот овластен економски оператор (ОЕО).

Оддржливиот успех, иновативноста и инвестициите се неразделно поврзани. Нашата компанија веќе две децении успешно ја гради својата иднина и преку своите долгорочни развојни планови ги задоволува барањата на своите клиенти на долг рок. Континуираното подобрување и постојаниот развој на нови решенија се нашиот врвен приоритет. Секогаш сме отворени за размислување и иновации ориентирани кон иднината, за понатака да можеме да обезбедиме уште поголема ефикасност, профитабилност и доверба, која нашите клиенти ја очекуваат од нас. Нашиот капитал во товарни возила не претставува само бројка, туку претставува интегриран систем за управување со квалитет и безбедност.

Mapa transport_new

Растот на нашата компанија генерира и континуирано зголемување на капацитетот за камионски транспорт. Целта за проширување на нови пазари преку директно присуство на истите, започнавме да ја остваруваме во 2017 година кога нашата компанија своето деловно работење го прошири и на територија на Р.Албанија, додека од неодамна, Даути Транспортшпед АД Скопје изврши вложување во основање на ново друштво и во Р.Хрватска на што особено сме горди.
Со основање на Даути Транспортшпед Доо во Р.Хрватска, земја членка на Европската унија, имаме можност за непречено извршување на товарниот патен транспорт на заедничкиот европски пазар во кој е воспоставена слободна трговија на стоки и услуги помеѓу државите членки, ослободени од трговски, царински и административни бариери.

Директно вклучени во меѓународното движење на стоката, исполнувајќи ги стандардите за безбедност и сигурност на синџирот на снабдување, како и критериумите за почитување на барањата на царинските органи, ефикасен систем на деловна евиденција, финансиска солвентност, практични стандарди за компетенции и професионални квалификации, ја остваруваме нашата мисија односно, супериорен квалитет на услугите, висока професионалност и континуиран успех.

Брзото и ефикасно царинење на стоките е предуслов за успешноста на секој синџир на снабдување. Во областа на царинското застапување Даути-Транспортшпед АД Скопје нуди решенија кои можат да го олеснат работењето и да допринесат за навремено и квалитетно исполнување на ветувањата на нашите деловни партнери кон нивните комитентите. За таа цел, Даути-Транспортшпед АД Скопје има осум подружници преку кои врши царинско застапување на сите Царински Испостави на територија на Република Северна Македонија. Нашите лиценцирани царински застапници и напредниот систем на работа им помагаат на клиентите успешно да се справат со комплицираните царински процедури и доцнење во реалицазија на своите деловни процеси. Успехот на нашата компанија меѓудругото се должи на успешниот тим кој се состои од повеќе од 140 вработени, мотивирани кон остварување на заедничките цели и интереси, со лична одговорност во тој процес.