Додека Кина се бори со повторните растечки инфекции со Ковид 19 во клучните индустриски центри, зголеменото одложување на главните трговски патишта во земјата ги загрозува синџирите на снабдување.
Времето на одложување на бродовите и товарите значително се зголеми во споредба со истиот период минатата година во поголемиот дел од клучните комерцијални трговски патишта од Кина кон остатокот од светот.
Податоците покажуваат дека на критичната транспацифичка трговска рута што ги поврзува Кина и Западниот брег на САД одложувањата на бродови се зголеми во просек до 2,44 дена во јули 2021 година, во однос на 0,6 дена претходната година.
На трговската рута Кина-ЕУ одложувањата се зголемија од просечни 0,51 ден во јули 2020 година на 2,18 дена во јули 2021 година.
Меѓутоа, доцнењата се многу подолги за рутите на кои се транспортира најголем товар. Така транспортот на релација Шангај-Хамбург и Шенжен-Хамбург сега доживуваат одложувања од 8,44 и 7,86 дена, соодветно.
Според аналитичарите, фактот дека пратките се уште се одложуваат, а бројот на новозаразени се зголемува во клучните кинески индустриски центри, сугерира дека ефектите на одложувањата можат да се продолжат до празничните сезони до крајот на годинава.
Тоа ги прави синџирите за снабдување особено тешки за управување, што може да создаде трошоци и проблеми во многу индустрии.
Веќе седми ден како кинеските власти го затворија клучниот терминал во пристаништето Ningbo, што создаде доцнења кај многу оператори, а последните најави се дека тоа би можело да биде повторно отворено на 1 септември.
Извор: Container-news