Македонската економија годинава ќе порасне за 2%, за половина процент помалку од претходната проценка од септември 2023 година, се наведува во мајската прогноза објавена денеска од Економската банка за обнова и развој (ЕБОР), која беше претставена како дел од годишниот состанок и бизнис форум на организацијата во Ереван.
За следната 2025 година, ЕБРД предвидува забрзување на економскиот раст на 3%.
За регионот на Западен Балкан се очекува забрзување на економскиот раст од 2,5% во 2023 година на 3,3% во 2024 година и на 3,7 % во 2025 година.
Во најновиот извештај на ЕБОР наречен „Скротување на инфлацијата“ се очекува економскиот раст во регионот на ЕБОР да биде 3% во 2024 година, а инфлацијата да забави до 6,3% и покрај предизвиците кои произлегуваат од глобалните геополитички тензии.
“Инфлациските притисоци се нешто послаби во однос на минатата година, која беше одбележана со забавување на економијата поради високите цени на енергенсите”, се нагласува во извештајот.