Македонската економија ќе порасне 2,2% во 2024 година и 3,5% во 2025 година. Ова најновите проценки на Европската банка за обнова и развој (European Bank for Reconstruction and Development EBRD). Во споредба со проценката од мај годинава кога ЕБРД предвидуваше раст на македонската економија од 2,5%, ЕБРД во најновиот извештај за намали проценката за раст за 0,3 процентни поени. Проценката за економскиот раст во 2025 година останува иста. Според ЕБРД, македонската економија ќе има најмал економски раст годинава во споредба со сите економии од Западен Балкан.

За целиот регион на Југоисточна Европа, очекувањата се исто така ревидирани надолу – сега за тековната 2024 година година се очекува растот да забави од 2 % во 2023 година на 1,9 % годинава (намалување од 0,9 процентни поени), пред да се забрза до 2,6% следната година (намалување од 0,5 процентни поени).

Западен Балкан ќе забележи забрзување на растот од 2,5 % во 2023 година на 3,4% во 2024 година и 3,7 % во 2025 година, поттикнат од силната туристичка сезона во Албанија, зголемените инвестиции во Србија и силниот раст на потрошувачката во Црна Гора.
ЕБРД За Србија предвидува забрзување на растот на 3,8%, од претходните 3,5%, а за следната година раст од 4%. За Косово прогнозата е дека економмијата ќе расте 4% и годинава и следната година. За Албанија се прогнозира економски раст од 3,5% раст од 0,2 процентни поени, а за следната година раст од 3,7%. За Црна Гора прогнозата е дека економијата годинава ќе порасне за 3,8%, додека економијата на БиХ за 2,8%.

ЕБОР, исто така, ја ревидира својата вкупна прогноза за регионите во кои инвестира благо надолно. Се очекува стапка на раст од 2,8% за 2024 година, или намалување за 0,2 процентни поени во однос на мајската прогноза, а за 2025 година – забрзување до 3,5 %, или 0,1 процентен поен под прогнозата во извештајот објавен во мај.

Новата регионална прогноза на ЕБОР го истакнува забавувањето на инфлацијата во регионите. Таа падна од врвот од 17,5% во октомври 2022 година на 5,8% во јули 2024 година. Сепак, инфлацијата останува за 1,6 процентни поени повисока од нејзиниот просек пред пандемијата.

„Иако направивме мала надолна ревизија на нашата прогноза за раст, забавувањето на инфлацијата и закрепнувањето на реалните плати даваат охрабрувачки сигнали. Ќе биде потребна континуирана будност додека економиите се прилагодуваат на предизвиците на обновените инфлациски притисоци, енергетската безбедност, трговијата и условите за финансирање по нивниот пат на приспособување“.