Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објави дека ЕК предложила „забрана за транспортните оператори од Русија и Белорусија“.
Фон дер Лајен го објави предлогот при презентирање детали во врска со 5-тата рунда санкции на ЕУ против Русија, кои веќе вклучуваат забрана за руски јаглен, како и забрана за пристап до руски бродови и бродови со кои управува Русија.
Предлогот за забрана на транспортните оператори доаѓа откако во понеделникот (4-ти април) се појавија широки шпекулации дека балтичките држави Полска, Литванија, Латвија и Естонија се подготвени да го блокираат патниот транспорт кон Русија и Белорусија.
Според Урсула фон дер Лајен, ваквата забрана „драстично ќе ги ограничи можностите на руската индустрија да добие клучни стоки“.
Она што е потврдено е забраната за пристап до пристаништата на Европската унија за руски бродови и бродови со кои управува Русија. Единствените исклучоци што важат овде се основните добра, кои вклучуваат земјоделски и прехранбени производи, хуманитарна помош итн.
Другите санкции од најновата рунда и кои се потврдени вклучуваат забрана за увоз на јаглен од Русија во вредност од 4 милијарди евра годишно, целосна забрана за трансакции за четири клучни руски банки (вклучувајќи ја и ВТБ), насочени забрани за извоз во одредени области како што се напредни полупроводници, квантни компјутери , одредени видови транспортна опрема и сл.), конкретни нови забрани за увоз во вредност од 5,5 милијарди евра (од дрво до цемент, морска храна, пијалоци.
Целосното соопштение на Европската комисија можете да го погледнете ТУКА.
Извор:Transinfo