ЕМИЛИЈА СПИРОВСКА, член на Управен одбор на ПроKредит банка
ПроKредит банка е банка која целосно ги поддржува бизнисите, посебно извозно ориентираните компании како сегмент кој е исклучително важен за развојот на економијата. И во ситуација на Ковид криза, Банката е во редовна комуникација со клиентите и навремено одговора на нивните барања и потреби, за што говорат и одличните резултати во работењето.
“Заклучно со јуни 2021 година, Банката пласираше 100 милиони евра во поддршка на инвестициони проекти и средства за ликвидност, со што кредитното портфолио порасна за 25 милиони евра или 6,5%, а Банката за овој период учествува со 28% од вкупниот раст на кредитирањето на бизнисот во државата. Одлични резултати забележавме и во делот на раст на портфолиото за документарно работење, каде растот е 9,6 милиони евра. Особено радува фактот што во континуитет расте бројот на компании кои ја одбраа банката за свој партнер, каде само во првите седум месеци од оваа година,150 нови бизниси отворија сметка во ПроКредит банка.
Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит банка вели дека очекуваат дека до крајот на годината бизнисот да има засилена економска активност и дека Банката е подготвена да ги поддржи нивните инвестициски проекти.
ИзвозМК: Глобалната пандемиска криза предизвикана од вирусот на Ковид 19 имаше силни импликации на секојдневното работење и извесно е дека и во следниот период ќе се соочуваме со продолжените негативни ефекти.
Како кризата изгледаше од перспектива на ПроКредит банка, која важи за банка партнер на бизнисот?
Банката помина низ процес на транформација пред неколку години, каде од класична и традиционална банка, прераснавме во модерна и современа, дигитална банка, прва на пазарот во С. Македонија. Со имплементирање на најсовремените технологии во банкарскиот сектор, на клиентите им нудиме едноставна и лесно достапна услуга преку дигитални канали, во секое време, без физичка посета на Банката
И покрај сите предизвизици со кои што се соочивме за време на Ковид кризата, динамиката на работењето на Банката за време на овој период остана непроменета. Гужвите и редиците веќе одамна не се случај во нашите филијали, а нашите клиенти речиси сите операции со банката ги извршуваат по пат на дигиталните канали, брзо и безбедно, од нивните канцеларии или од дома.
Главен фокус за време на кризата ставивме на соодветна и навремена поддршка на потребите на компаниите. Преку континуирана комуникација на нашите советници за бизнис со компаниите, ги согледувавме барањата на клиентите, начинот на кој се афектирани од кризата и овозможивме користење на соодветен продукт или услуга согласно нивните потреби. Со тоа овозможивме непречено функционирање на работата кај сите наши клиенти, и оние кои се соочија со проблем за време на кризата, но и кај оние кои гледаа можност за експанзија и инвестиции.
Сметам дека, како пред, така и за време на оваа криза, ПроКредит банка е еден од факторите на стабилност во бизнисот, каде придонесуваме од една страна компаниите полесно да се справат со предизвиците и комплексонста на работењето, но и да поттикнеме инвестиции и развој кои ќе придонесат за поголема конкурентност на среден и долг рок.
ИзвозМК: Што покажуваат анализите за работењето на клиентите на Банката?
Иако се покажа дека пандемијата на ковид 19 има големо влијание на екомонијата, импактот кај претпријатијата од различни дејности во голема мера се разликува. Најпогоден сектор е Хорека, каде веќе втора година по ред компаниите не можат да работат во нормални услови и со полн капацитет. Втор најпогоден сектор е транспортниот, во делот на транспорт на патници каде речиси половина од компаниите имаат намалено ниво на приходи поради намаленото движење на луѓето. Од друга страна, градежните и производствените компании кои работат за извоз најдобро се носат со кризата, и досега, кај мал дел од нив забележавме негативно отстапување од реализација на нивните планови. Сепак, кризата се уште не е завршена и неизвесноста останува.
Ние како банка сме во константна комуникација со нашите клиенти и правиме редовен мониторинг на развојот на ситуацијата во компаниите, се со цел да имаме навремена реакција доколку има потреба за истото. Бројот на бизнисите на кои им требаше дополнителна поддршка во форма на одложување на отплатите по првиот сет на мерки беше 3,5% од вкупното портфолио на банката, за да веќе во тек на оваа година најголем дел од компаниите се вратија во нормална динамика на сервисирање на кредитите.
Само мал број на компании побараа долгорочни олеснувања во форма на реструктуирање, поточно, само 1% од вкупното портфолио.
Ова е потврда на стабилноста на бизнис клиентите во нашето портфолио, но и добрата проценка и квалитетот во работењето на секторот за кредитен ризик во банката.
Сведоци сме на примери кај голем дел од нашите клиенти, каде пандемијата предизвика квалитативни, структурни промени во бизнисот преку оптимизација на трошоците, автоматизација на производните капацитети, инвестирање во сопствено производство на електрична енергија преку фотоволтаични панели, диверзификација на профитните центри, барање на алтернативни добавувачи, фокус на сигурност и континуитет во редовна наплата на побарувања. Кај нашите клиенти гледаме промена во начинот на размислување, каде фокусот од остварувае на што повисока добивка се повеќе се поместува кон остварување на долгорочна стабилност на бизнисот, па дури и по цена на понизок профит на краток рок.
ИзвозМК: Поддршката на банките се покажа дека е клучна за заздравувањето на компаниите. Каква поддршка им понуди ПроКредит Банка на компаниите? За што клиентите имаа најголема потреба и побарувачка?
Најважно за нас беше да бидеме во редовна комуникација со клиентите и навремено да одговориме на нивните барања и потреби. Во исклучително краток временски период успеавме да ги реализираме сите барања за воведување на грејс период или мораториум и да одобриме дополнителни средства за ликвидност таку каде имаше потреба. Покрај тоа банката, со редовни мониторинзи на работењето на бизнисите, конитнуирано ја следеше работата на компаниите и проактивно реагираше секаде каде имаше потреба од поддршка за одржување на редовната бизнис активност.
Секако, не изостана поддршката за развој на компаниите. Иако, во главно, најголем дел од побарувачката на клиентите се однесуваше на кредитирање на обртните средства, Банката стави голем фокус на стимулирање и финансирање на развојни инвестиции во фиксни средства.
Според мене, од исклучителна важност е поддршката која ја дадовме во делот на олеснување на обезбедување на кредитите, каде единствено во ПроКредит Банка компаниите имаат пристап до Инновфин гарантната шема. Истата овозможува финансирање на потребите на компаниите, каде за инвестициони кредити се покрива 50% од потребното обезбедување, а за кредитите за обртен капитал, пак, гарантната шема покрива дури 80% од потребата за колатерал.Користењето на оваа гарантна шема е од голема помош за компаниите кои немаат расположлив колатерал, а со почетокот на кризата имаат потребна од користење на дополнителни средства, пред се за зачувување на ликвидноста на бизнисот. Од почетокот на Ковид кризата, па се до крајот на јули оваа година, со користење на оваа гарантна шема поддржавме преку 250 компании со исплата на 60 милиони евра, кредити за ликвидност и инвестиции.
За иновативните и енергетски ефикасни инвестиции Банката обезбеди средства за кредитирање со финансиски грант, каде повратот од инвестицијата изнесува 15%. Од почетокот на Ковид кризата до јуни оваа година поддржавме 40 компании преку исплата на 12,5 милиони евра од оваа линија.
Покрај тоа, поголемите капитални проекти беа поддржани со ко-финансирање заедно со ПроКредит банка Германија, каде клиентите имаат можност да користат кредитирање со одлични услови и каматни стапки значително пониски од просекот на бизнис кредитите во Македонија.
ИзвозМК: ПроКредит Банка е една од ретките банки во земјава која има свои подружници во целиот регион, како и во Германија, односно во најголемите трговски партнери на македонските компании. Тоа е голема предност, но и сигурност за извозните компании, посебно во време на неизвесност и ограничувања кои ги наметна пандемијата.
Кои се предностите со кои ПроКредит Банка се издвојува како прв избор за компаниите кои сакаат успешно да соработуваат со регионот и светот?
Како банка специјализирана за бизнис клиенти, секогаш сакаме да имаме понуда и услуга со која сме чекор пред остатокот од банкарскиот сектор во С.Македонија. Тоа е случај и со извозно ориентираните бизниси, како сегмент кој е исклучително важен за развојот на нашата економија.
Присуството на ПроКредит банка во земјите најголеми трговски партнери на С.Македонија ни дава можност да бидеме многу добро запознаени со потребите на потенцијалните странски партнери за македонските компании, како и можностите за отпочнување и развој на соработката. Заедно со нашите сестрински банки редовно организираме B2B средби на кои македонските компании имаат можност да се претстават и да склучат соработка со потенцијален партнер од странство.
Оваа пракса не прекина и за време на Ковид кризата, каде и покрај неможноста да се организираат настани со физичко присуство, имавме успешен online B2B настан на почетокот на јуни, каде со наше посредништво, компании од ИТ секторот од Македонија се претставија и имаа работни состаноци со потенцијални партнери/корисници на нивните услуги од Германија.
ИзвозМК: ПроКредит банка се наметна како лидер на македонскиот банкарски сектор во делот на соработка со бизнис клиенти. Дел од понудата која ја споменавте се и брзите, безбедни плаќања и дознаки со странство со најниски и фиксни провизии. Како функционира овој производ и какви поволности им носи на компаниите во нивното надворешно-трговско работење?
ПроКредит Банка нуди уникатна и најекономична провизија во рамките на банкарскиот сектор кога станува збор за плаќања и надворешно трговско работење. Воведовме нов и транспарентен начин на тарифирање на услугите со фиксна и еднократна провизија. Провизијата е фиксна, без разлика на износот на дознаката и изнесува само 9 ЕУР за сите SHA плаќања, а ЕУР 25 за сите OUR плаќања. Клиентот нема никакви дополнителни трошоци по овие трансакции, како трошок за SWIFT или администраија на плаќањето, а добива и многу поволен девизен курс за откуп.
Покрај тоа, нудиме исклучително брзи и економични трансефери преку услугата ProPay. Сите плаќања кои нашите клиенти ги имаат во рамките на ПроКредит групацијата се процесираат во рок од четири часа, а провизијата е фиксна и изнесува 2,5 евра.
Сите плаќања може да се реализираат едноставно, брзо и безбедно, преку нашето електронско банкарство, без посета на банка.
ИзвозМК: Најголемиот број од малите и средни извозни компании во земјава имаат потреба од полесен пристап до финансии и банка која ќе може да ги следи во подготовката на извозот и наплатата на извозните побарувања.
ПроKредит Банка во соработка со Развојната Банка и Триглав Осигурување, нуди можност клиентите да ги понудат своите осигурани побарувања како залог? Како функционираат овие производи?
Кредитирањето со осигурени побарувања како залог е производ кој што е специјално креиран за поддршка на извозните компании. Токму овие компании кои се во експанзија и освојуваат нови пазари во странство имаат потреба од дополнително финансирање на потребите за обртен капитал, но од друга страна не секогаш имаат расположлив колатерал, како хипотеки и опрема кој е доволен за покривање на потребите за целокупното финансирање на компанијата. Со овој продукт, преку залог на осигурените побарувања овозможуваме олеснет пристап до финансирање за извозните компании, каде врз основа на настанато побарување банката одобрува кредит во износ од максимум 75% од побарувањето, со поволни каматни стапки преку брз и едноставен процес на одобрување.
ИзвозМК: За какви производи и услуги македонските извозните компании имаат најголема потреба?Што друго опфаќа понудата на ПроКредит банка за овие компании?
Фокус е ставен на зголемување на ефикасноста и на оптимизација на активностите кои компаниите ги имаат со банката. Така, спуштањето на девизните приливи е комплетно автоматизирано и за истото нема потреба од оперативен ангажман од страна на компанијата. Дополнително, ПроКредит банка Македонија не наплаќа никаква провизија за оваа услуга, а клиентите го добиваат најдобриот курс за откуп на девизи.
Дополнително, користењето на документарните производи е област која допрва треба да се развива и да биде соодветно искористена од страна на компаниите извозници. Со користење на истата компаниите извозници добивааат сигурност на наплатата на побарувањата од нивните деловни партнери, како и можност своите побарувања да ги наплатат пред доспевањето од Банката. Во овој дел ние како банка нудиме форфетирање на акредитиви, конфирмација на акредитив, издавање на гаранција врз основа на контрагаранција и се разбира совет при секое проследување на гаранција или акредитив до нашите клиенти. Со инволвирање на банката преку користењето на документарните производи значително придонесувате за успешно завршување на деловната трансакција и извесност во наплатата на побарувањата.
ИзвозМК: Пандемијата ги забрза процесите на дигитализација која се наметна како неминовност во работењето на бизнисите. Какви функционалности им нуди ПроКредит банка на бизнисите во земјата?
Како пионери на дигитализацијата во банкарството во С.Македонија, правиме голем исчекор напред со воведувањето на “Sign in” дигиталната платформа со која на клиентите им овозможуваме брза, ефикасна и сигурна комуникација со банката. Со користењето на оваа платформа се дигитализира процесот на кредитните и административните барања на клиентите, така што најголем дел од нив немаат воопшто потреба да доаѓаат во нашите филијали. Потпишувањето на барањата и договорите за кредити и гаранции, но и останати административни документи од сега може да се прави по електронски пат- брзо, едноставно и пред се сигурно. Досега, речиси 50% од корпоративните клиенти на банката активно ја користат оваа услуга, а трендот на додавење на нови корисници е исклучително позитивен и бележи раст од месец во месец.
Дополнително, нудиме можност за поврзување на нашето електронско банкарство со ЕРП системите на нашите клиенти. Со имплементација на ова поврзување се овозможува брзо и пред се безбедно вршење на трансакциите, се зголемува продуктивноста во компаниите и се елиминира факторот на човечка грешка при правење на трансакции, а дополнтелно и се автоматизира процесот на плаќање и книжење на изводи.
Од оваа година во функција е и решението за “online” отворање на сметка за правно лице, каде за компанијата, нејзиниот адвокат или финансиски консултант, воопшто нема потреба од физичко присуство во банка, а самата идентификација се прави на чинот на потпишување на договорите или во канцеларијата на клиентот, по посета од нашиот мобилен тим. Со ова, процесот на отворање на сметка е брз, ефикасен и се одвива преку дигитални канали, во споредба со традиционалниот, кога самиот чин на физичко отворање на сметка во филијала може да трае и неколку часа.
ИзвозМК: Какви се проценките на ПроКредит Банка за кредитирањето на компаниите за следниот период? Колкава беше кредитната поддршка на Банката за македонската економија годинава?
Очекуваме дека до крајот на годината бизнисот ќе има засилена економска активност, каде во разговор со нашите клиенти веќе се најавени покрупни инвестицони проекти.
Заклучно со јуни 2021 година, Банката пласираше 100 милиони евра во поддршка на инвестициони проекти и средства за ликвидност, со што кредитното портфолио порасна за 25 милиони евра или 6,5%, а Банката за овој период учествува со 28% од вкупниот раст на кредитирањето на бизнисот во државата. Одлични резултати забележавме и во делот на раст на портфолиото за документарно работење, каде растот е 9,6 милиони евра.
Особено радува фактот што во континуитет расте бројот на компании кои ја одбраа банката за свој партнер, каде само во првите седум месеци од оваа година,150 нови бизниси отворија сметка во ПроКредит банка.