Еуроникел Индустри со нова вредна донација за основното училиште Страшо Пинџур во село Возарци. За компанијата оваа донација преставува начин да влијае на подобрување на условите на основците од Возарци и за зголемување на безбедноста во школскиот двор.
„Грижата за непосредната околина и за условите во кои младите генерации растат и се развиваат е приоритет во нашата стратегија за општествена одговорност. Тоа е дел од нашите секојдневни обврски и ангажмани, и како општествено одговорна компанија на тоа се посветуваме со сите капацитети. Со таков однос и свесност за потребите на општеството, веруваме дека досега сме придонеле за подобрување на многу аспекти од животот на граѓаните, како што ја подобривме безбедноста за децата од ова училиште”, изјави Герасим Кујунџиев директор на Еуроникел Индустри.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, исто така изрази благодарност за реализираната донација: „Еуроникел Индустри многупати досега се покажала како општествено одговорна компанија, а ова е една во низата донации што се реализирани во интерес на заедницата, со што придонесуваат кон поквалитетни услови за учениците кои учат во училиштето во Возарци. Ова е најголема компанија во нашата општина и очекуваме дека нивниот придонес и во иднина ќе продолжи во насока на постојано помагање на заедницата“.
Во знак на благодарност, училиштето додели благодарница за компанијата.
„Еуроникел Индустри досега покажа искрена грижа за својата непосредната околина и пред сè за иднината на младите луѓе. Реализирани се разни донации и проекти со кои компанијата директно влијаела за подобрување на условите за учење, за зголемување на безбедноста и воопшто за подобрување на образовниот процес во ова училиште. Оваа благодарница е за целата поддршка што сме ја добиле досега и за идните заеднички проекти што верувам дека ќе ги имаме уште многу”, рече директорката на училиштето Илинка Бакева.