Европската централна банка денеска ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, на 3,75 %.
Каматната стапка на депозитите е зголемена на 3,25 %, се вели во соопштението на ЕЦБ.
Оваа одлука, која е во согласност со претходните очекувања на пазарот, стапува на сила на 10 мај.
Во соопштението се навестува дека идните одлуки на ЕЦБ ќе се водат од целта да се потисне инфлацијата во еврозоната до два отсто.
Во трите претходни последователни месеци, ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка за 50 базични поени и ова е седмо зголемување на каматната стапка по ред.
Вчера американската централна банка ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, односно од пет на 5,25% и посочи дека би можела да ги прекине натамошните зголемувања.