Високите цени на енергијата и суровините и тесните грла во снабдувањето ќе го попречат растот на германската економија оваа година, предупреди Здружението на германските стопански и индустриски комори (DIHK).
Во такви услови, ДИХК ја намали прогнозата за раст на најголемата европска економија годинава за 0,6 процентни поени и сега предвидува дека таа ќе се зголеми за 3% оваа година.
„Ова значи дека нашиот бруто домашен производ (БДП) најверојатно нема да го достигне нивото пред кризата пред средината на годината“, рече извршниот директор на DIHK, Мартин Ванслебен.
Меѓу позначајните негативни фактори го посочи недостигот од квалификувани работници.
Дополнително, владините мерки за забавување на климатските промени значат повисоки трошоци за компаниите, па многумина стравуваат дека нивната позиција на светските пазари ќе се влоши, предупреди Ванслебен.
Повеќето компании се помалку оптимисти за деловните изгледи оваа година – нешто помалку од една четвртина од нив сега очекуваат подобар бизнис во следните 12 месеци, според истражувањето спроведено претходно оваа година меѓу речиси 28.000 компании.
Германската влада годинава предвидува економски раст од 3,6 отсто, потсетува агенцијата dpa.