Извозот на Информатички, телекомуниклациски и компјутерски услуги (ИКТ) од Македонија во првите три месеци годинава изнесува 121,79 милиони евра. Тоа е раст од 18% во споредба со визвезените услуги во истиот период минатата година, покажуваат податоците од Народната банка.
ИКТ секторот е еден од секторите кои остваруваат суфицит во трговската размена со странство, односно повеќе извезува, отколку што увезува.
Според податоците од Народната банка во првите три месеци годинава во земјава биле увезени ИКТ услуги од странство во вредност од 37,5 милиони евра, што значи дека позитиивниот нето извезен ефект изнесувал 84 милиони евра.
Најголем дел од извозните приходи во оваа дејност се прави со извозот на компјутерски услуги, чија вредност во првите три месеци годинава изнесува 111 милиони евра или 94% од вкупниот извоз на ИКТ услуги во посочениот период.
Извозот на ИКТ услуги во 2022 година надмина 467 милиони евра. Тоа е раст од 41% или зголемување за 137 милиони евра во споредба со извозот од претходната 2021 година кога извозот на ИКТ услуги изнесуваше 330 милиони евра.
Извозот на ИКТ услуги од Македонија бележи висок и континуиран раст во последните пет години. Така во 2018 година извозот на ИКТ услуги изнесувал близу 184 милиони евра. Тоа значи дека за пет години се зголемил за 155%. Во истиот период, пак, увозот на ИКТ услуги се зголемил за 47%.