PHOTO: JIAMINJIE/ZUMA PRESS

Кинеските власти денеска објавија дека БДП (Бруто домашниот производ) се зголемил за 4,9% во третиот квартал годинава во споредба со истиот квартал претходната година, со што кинеската економија се врати на нивото пред пандемијата од коронавирус.
Растот во третиот квартал е забрзување во споредба од растот од 3,2% во вториот квартал, кој следеше по историски најголемиот пад од 6,8% кој кинеската економија го имаше во првите три месеци од годината, кога властите го ставија во карантин кинескиот град Вухан во обид да го спречат брзото ширење коронавирусот.

ММФ предвидува економијата на Кина да се зголеми за 1,9% во 2020 година, ставајќи ја во позиција да биде единствената голема светска економија што годинава ќе расте.

Спротивно на тоа, американската економија се очекува да се намали за 4,3%, додека еврозоната се предвидува да се намали за 8,3%, соопшти ММФ во последното ажурирање на прогнозите овој месец.

Кина ја оживеа својата економија во приближно три фази: прво, со затворање на повеќето економски активности почнувајќи од крајот на јануари, заклучување што траеше главно до крајот на март. Почнувајќи од април, властите се повторно го рестартираа производството.
Со зголемувањето на производството, Кина беше во можност да го зголеми својот удел во глобалниот извоз, испраќајќи медицинска опрема како маски за лице и стерилизатори, како и компјутерската опрема за работа од дома за клиенти низ целиот свет, бидејќи другите нации извозници страдаа од сопствените блокирања.
Ако второто тримесечје претставуваше обновување на фабриката во Кина, тогаш третиот квартал го одбележа закрепнување на потрошувачката, а надлежните органи речиси целосно го уништија коронавирусот во нејзините граници.
Во август, кинеската малопродажба покажа пораст од претходната година за прв пат во 2020 година.

Денеска кинеските власти соопштија дека малопродажбата пораснала за 3,3% во септември, надминувајќи ги очекувањата на економистите за раст од 1,7%.

Американските и европските компании фокусирани на кибнескиот пазар имаа најголема корист од закрепнувањето на кинеската економија.
За аналитичарите, овие бројки се знак на закрепнувањето на Кина, која дава поддршка на светската економија, која се соочува со борба против коронавирусот.

 

Извор: Wall Street Journal