Извозот на моторни возила во Кина се зголеми за 65% на годишно ниво и достигна рекордно високо ниво во август, покажаа податоците од Кинеската асоцијација на производители на автомобили.
Земјата извезла 308.000 моторни возила во август, што е за 6,2% повеќе во споредба со еден месец претходно, соопштија од Здружението, истакнувајќи дека тоа е првпат месечниот извоз на автомобили во Кина да надмине 300.000 единици.
Околу 260.000 патнички автомобили се продадени во странство во август, што е за 68,7 % повеќе на годишно ниво и за 7,6% повеќе на месечно ниво, покажаа податоците.
Најголем дела од растот се должи на зголемената продажба на електрични автомобили во странствп. Минатиот месец од Кина биле извезени 83.000 електрични автомобили, што претставува скок од 82,3% на годишно ниво и 53,6 % месечно.
Извозот на електрични автомобили е речиси двојно зголемен на годишшно ниво во првите осум месеци од оваа година, на 340.000 единици.
Во периодот јануари-август, вкупно биле извезени 1,82 милиони автоммобили од Кина, што е пораст од 52,8 % во однос на истиот период од 2021 година.
Извор: Xinhuanet