Контејнерските пристаништа во источна и југоисточна Азија го потврдија својот примат на светски размери во 2023 година, покажа извештајот на Светската банка и S&P Global.
Азиските пристаништа заземаа дури 13 места меѓу 20-те најдобро пласирани на светската ранг-листа, според четвртиот годишен извештај на Светската банка и S&P Global.
“Повеќе од 80% од трговијата со стоки се транспортира по морски пат, така што еластичноста, ефикасноста и севкупните перформанси на пристаништата се клучни за глобалните пазари и економскиот развој”, се вели во Извештајот.
Извештајот вклучува вкупно 405 пристаништа ширум светот кои минатата година имале минимум 24 пристигнувања во рок од една година.
Кинеското пристаниште Јангшан повторно го зазеде првото место втора година по ред, а оманското пристаниште Салалах е на второто место. Колумбиското пристаниште Картагена се искачи на третото место, а мароканското Тангер-Медитеран, најголемото пристаниште во Средоземното Море, ја задржа четвртата позиција. На петтото место е малезиското пристаниште Танјунг Пелепас.
Само едно европско пристаниште, шпанското Algercias, се рангираше меѓу 20-те најпрометни во рангирањето на Светската банка и S&P Global.
Пристаништето Пиреја во Грција е рангирано на 104 место, додека Солунското пристраниште е на 327 место.
На листата за прв пат се најде и хрватското пристаниште Плоче кое го зазеде 206-то место меѓу вкупно 405 пристаништа. Пристаништето Риека е на 400. место.
Регионалните нарушувања влијаеле на перформансите на пристаништето насекаде во светот, според новиот извештај.
„Иако предизвиците предизвикани од пандемијата на Ковид 19 и нејзините последици дополнително се олеснија во 2023 година, транспортот со контејнери продолжува да биде непредвидлив и нестабилен сектор“, вели Мартин Хемфрис, водечки економист за транспорт во Светската банка.
„Големите пристаништа треба да инвестираат во отпорност, нова технологија и зелена инфраструктура за да обезбедат стабилност на глобалните пазари и одржливост на бродската индустрија“.
Целиот Извештај можете да го погледнете тука.