Турција годинава планира значително поголем извоз на облека очекувајќи многу компании заради коронавирусот во Кина да ги пренасочат нарачките кон туските текстилни компании.
Извозот на облека од Турција минатата година изнесуваше 17,7 милијарди долари, а годинава очекувањата се да надмине 19 милијарди долари.
Само во јануари извозот на облека на Туција изнесува 1,5 милијарди долари, зголемување од 5,8%, во споредба со истиот период лани, што е учество во вкупниот извоз на Турција од 10,1%, изјави Мустава Ѓултепе, претседател на Истанбулската асоцијација на извозници на облека (İHKİB).
Дури 73,4% од вкупниот извоз на облека на Турција во јануари бил насочен кон земјите на ЕУ, а Германија и Шпанија се главните дестинации. Индустријата за облека, исто така, извезува стока во вредност од околу 700 милиони долари во САД.
Извозот на облека во Турција се предвидува да порасне за 10%, само како резултат на појава на коронавирус во Кина, што ги одложи пратките и нарачките од кинеските фабрики.
Кина има околу 170 милијарди извоз на облека годишно, вели Хади Карасу, шеф на Турската асоцијација на производители на облека (TGSD), предвидувајќи дека околу 1% од нарачките би се префрлиле на почетокот на Турција, што би можело да достигне до 2 милијарди долари.
Избувнувањето на вирусот предизвика многу фабрики да престанат соработа во обид на кинеските здравствени власти да го стават под контрола ширењето на вирусот.