Коронавирусот ја наруши глобалната економија и меѓународната трговија на повеќе начини. Со оглед дека повеќе европски земји повторно воведуваат строги заклучувања во борба со вториот бран на корона вирусот, меѓународната трговија е исправена пред уште еден нестабилен период.

Имајќи го ова на ум, добро е да се знае кој е највредниот извоз за секоја земја во светот со цел полесно да се предвидат последиците за секоја земја.
Мапата изработена од Howmuch.net врз основа на базата на трговски податоци на Обединетите Нации, UN Comtrade, покажува кој е највредниот извоз од секоја држава и континент.
Податоците покажуваат дека нафтата е најизвезуван производ низ целиот свет.
Готовите производи со повисока фаза на доработка како автомобилите и авионите, се доминантни во извозната мапа на Европа повеќе отколку на кое било друго место во светот.
Многу африкански економии остануваат силно зависни од извозот на суровини, особено нафта, злато и бакар.
Електронската индустрија како врвен извоз е најраспространета во Азија, каде што има група на земји специјализирани за врвни електронски уреди.

ЕВРОПА

Мапата со највреден извоз од Европа нагласува еден важен аспект за тоа како работат развиените економии. Во најголем дел, европските земји извезуваат готови производи, како што се автомобили, авиони и фармацевтски производи.

Водечката економска моќ на континентот, Германија, извезува околу 155,7 милијарди долари возила на остатокот од светот секоја година.
Франција, земјата производител на „Ербас“, секоја година испраќа 43,8 милијарди долари вреди авиони во странство.
Дури и Велика Британија, која не е позната по својот сектор за производство на автомобили, најголем извоз прави со извоз на 43,4 милијарди долари возила.

Автомобилите се најголема извозна ставка и на Полска, Шпанија, Чешка, Словачка, Романија, Словенија Унгарија, Турција…

Мапата покажува дека највреден извоз Македонија прави со продажба на хемиски производи во странство, во рамки на кои влегуваат катализаторите на Џонсон Мети. Најголем извоз Албанија прави со чевли, во Босна и Херцеговина најголем е извозот на електрична енергија, во Грција на прво место е извозот на нафтени деривати.

СЕВЕРНА АМЕРИКА И МЕКСИКО

Нафтената индустрија е најголем извозник во Северна Америка. Според американската администрација за енергија, САД се и единствениот најголем производител и најголем потрошувач на нафта. Благодарение на бумот во хидрауличното дупчење, САД драматично го забавија увозот на нафта и сега извезуваат милиони барели секоја година низ целиот свет .


Тоа е една од причините зошто, кога коронавирусот го принуди западниот свет во карантин оваа пролет, цените на нафтата паднаа во негативна територија.
Мексико во меѓувреме останува извор на производство на возила пред се за продажба на американските пазари.

АЗИЈА

Извозната мапа на Азија покажува дека азиските држави извезува многу готови електронски и машински производи во остатокот од светот.


Само Кина на годишно ниво извезува над 223 милијарди долари електрична машинерија низ целиот свет. Нафтената индустрија во Саудиска Арабија е очекувано без конкуренција на врзвот ма листите, надминувајќи извоз од 164,8 милијарди долари секоја година или околу 30 милијарди долари повеќе од Русија.
Можеби изненадувачки, нафтата е врвен извоз и за Индија (41,5 милијарди долари) и за Мјанмар (5,6 милијарди долари).

 

Извор: Howmuch.net