Во 2023 година македонските транспортни компании извезле услуги вредни 556 милиони евра во земјите надвор од Македонија, што е благо намалување од 2,6% во споредба со 2022 година кога извозот на транспортни услуги достигна рекордно највисоки 522 милиони евра, покажуваат податоците од Народната банка. Во оваа сума влегува целокупниот транспорт, односно и товарен и патнички.
Во истата година увезени од странство биле транспортни услуги вредни 469 милиони евра. Тоа значи дека во трговијата со транспортни услуги со странство Македонија лани остварила нето ивозен приход од 88 милиони евра, кој е за 80% поголем во споредба со претходната 2022 година.
Најголема категорија се Останати видови транспорт (во кој влегуваат најголем дел патен и помал дел железнички транспорт) со кои лани се остварени приходи од извоз од близу 500 милиони евра. Оваа категорија учествува со 90% од вкупно извезените транспортни услуги од земјава. Истата година, увезени биле услуги за патен транспорт во вредност од 366 милиони евра, што значи дека бил остварен нето извозен прилив од 133 милиони евра.
Втора најголема категорија се услугите за воздухопловен транспорт со учество од со 9,2% во извозот на транспортни услуги, со остварени приходи од извоз од 51 милион евра во 2023 година. Во истата година увозот на услуги за воздухопловен транспорт изнесувал 49,4 милиони евра, што значи дека е остварен нето извозен приход од 1,74 милиони евра. Извозот на услугите за воздушен транспорт забележале најголем раст од дури 30% во 2023 година.
Кај услугите за поморски транспорт Македонија има само увоз на услуги од странски земји, односно по тој основ биле одлеани 51,7 милиони евра во 2023 година. Тоа е намалување од 51% во споредба со 2022 година, кога заради рекордно високите цени за услугите на поморски транспорт била платена рекордно највисока сума над 106 милиони евра.
2022 година била рекордна и за извозот на услуги за патен и железнички транспорт кога биле остварени приходи од 528 милиони евра, со нето извозен приход од дури 165 милиони евра.