Данската транспортна компанија „Маерск“ ги повика своите клиенти да бидат подготвени за фактот дека поради ситуацијата во Црвеното Море и Аденскиот Залив, времето на транзит на товар ќе остане подолго од вообичаеното, а прекините во снабдувањето исто така ќе продолжат.

Нашите тимови продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата околу Црвеното Море и Аденскиот Залив. Заради безбедност на нашите бродови, екипажи и товарот на клиентите, сите бродови што претходно минуваа низ оваа област ќе бидат пренасочени кон југ околу Ртот на Добра Надеж во догледно време во иднина“, се вели во соопштението.

Иако се надеваме дека ќе видиме одржливо решение за проблемот во блиска иднина и правиме се што можеме за да го олесниме тоа, ги повикуваме клиентите да бидат подготвени дека нарушувањето на глобалната мрежа ќе продолжи“.

Бидете подготвени за ситуацијата во Црвеното Море да трае до втората половина од годината и да вградите подолги транзитни времиња во планирањето на вашиот синџир на снабдување“, рече шефот на Maersk за Северна Америка, Чарлс ван дер Стин, во изјавата во вторникот.

Компанијата со седиште во Копенхаген, исто така, им порача на клиентите дека подолгото време на пловење веќе ги зголеми цените на товарот.
Многу клиенти вклучуваат трошок по единица во нивното буџетирање, и ако тоа суштински се промени поради целата оваа нестабилност, тоа би можело да има големо влијание врз вкупните трошоци“, рече ван дер Стин.

Maersk вели дека промените во сообраќајните шеми, исто така, доведоа до недостиг на опрема низ индустријата, особено на пазарот со ладилници.

Од средината на ноември минатата година, Хутите нападнаа десетици цивилни бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив.