Македонскиот Бруто домашниот производ (БДП), односно вредноста на сите произведени стоки и ускуги во второто тримесечје годинава бележи раст од 13,1%, објави Државниот завод за статистика.
За споредба, во вториот квартал минатата 2020 година година македонскиот БДП, како последица на пандемијата на Ковид 19, имаше пад од 14,9%.
Најголем раст од 46% е остварен во секторот трговија на големо и мало, транспорт и скалдирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна. Во прерабoтувачката индустрија растот на БДП во вториот квартал изнесува 19,7%, додека во вториот квартал од пандемиската 2020 година имаше пад од 30,5%.
Во секторот Информации и комуникации има раст од 5,7%, додека во финансиските дејности и осигурувањето растот е 4,6%.
Земјоделството бележи раст од 0,4%, додека градежништвото има пад од 0,4%.
Податоците од Државниот завод за статистика покаѓуваат дека во вториот квартал годинава има реален раст на извозот од 45% и раст на увозот од 46,7%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата во второто тримесечје се зголемила за 12,9 %, финалната јавна потрошувачка бележи раст од 2,9%, додека бруто инвестициите бележат раст од 38,4%