Македонската компанија Микросам од Прилеп, заедно со гигантот GKN Fokker изработија делови кои ќе се вградуваат во труповите на новата генерација на авиони.

Од Микросам објаснуваат дека за изработка на овие делови била користена нивната уникатна технологија за автоматско или роботско полагање на влакна.

“Во текот на овој двегодишен проект во GKN Fokker, испорачавме три машини кои ќе се користат за производство на термопластични композити за современите авиони. Се работи за проект кој е сосема нов и кој остави пример кој ќе биде следен од останатите”, велат од Микросам.

Повеќе за проектот прочитајте на следнито линк.

Микросам е меѓу Топ 100 најголеми извозници од Македонија. Во најновата специјална едиција Топ 100 Извозници, Микросам е рангиран на 58 место со извоз вреден 13 милиони евра.
Компанијата во своето 30 годишно работење успеа да постигне голем развој и да стане еден од светскиите водечки произодители на композитни делови од термопластични материјали, како и лидер во автоматизирани линии за резервоари за CNG, водород и ТНГ.