27.8 C
Skopje
сабота, септември 6, 2025

НАСКОРО: Ексклузивна едиција „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025“

Моќта на извозот – компаниите што ја менуваат Македонија

Специјализираниот портал ИзвозМК ја најавува новата годишна едиција „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025“, посветена на компаниите што го движат македонскиот извоз и ја обликуваат економската иднина на земјата.

Целта на оваа едиција е да ги идентификува најуспешните извозни компании во Северна Македонија, да ги промовира нивните достигнувања и добри практики, и да ја поттикне јавната свест и институционалната поддршка за извозот како клучен двигател на економскиот раст и општествениот развој. Како и досега, ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозници според вредноста на извозот остварен во 2024 година — односно приходите од продажба на странски пазари. Годинава, по трет пат, ќе биде објавен и тематскиот прилог „Кој е кој во логистичкиот и транспортниот бизнис во Македонија“ , посветен на водечките компании во транспорт, логистика и шпедиција, рангирани според остварените приходи во 2024 година.

Што ќе содржи „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025“?

Едицијата „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025“ ќе обедини ставови и идеи од најголемите извозни компании, државни институции и економски експерти за тоа како да се надминат актуелните предизвици и да се искористат глобалните можности во време на неизвесност, геополитички конфликти и брз технолошки развој.

Темите ќе опфатат:

  • Извозни шампиони: Компаниите и индустриите што ja менуваат економската иднина на Македонија.

  • Извоз под притисок: Како да се расте во свет на високи царини и геополитички конфликти?

  • Американските царини и европската индустрија: Што значи промената на условите на игра за македонската економија?

  • Од увоз до извоз: Како Македонија може да произведува повеќе и поконкурентна домашна храна?

  • Германската автомобилска индустрија во криза: Има ли Македонија план Б за секторот кој создава над 50% од извозот и вработува 30 илјади луѓе?

  • Диверзификација и нови пазари за извоз и снабдување: Стратегии за настап надвор од традиционалните пазари

  • Неискористени можности за раст на извозот: Во кои растечки индустрии имаме шанса и како да ја искористиме?

  • Извоз во време на вештачка интелигенција: Како да се направи технолошки скок и да се забрза дигитализацијата и енергетската трансформација во економијата?

  • „Неплаќање, долги рокови, неизвесност: Како банките и осигурителни компании кои стојат зад македонските извозници?!

  • Во новата едиција ќе бидат вклучени и интервјуа со лидери на водечките извозни компании, разговори со претставници од финансиски и државни институции, колумни и мислења од релевантни економски експерти, детални секторски анализи за водечките македонски извозни индустрии и рангирања на најголемите извозни компании во секоја индустрија.

    Бидете дел од највлијателната економска публикација во Македонија!

    Специјалната годишна едиција „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025“, по шести пат, ќе ги обедини најуспешните извозни компании, клучните институции и водечките експерти — со ексклузивни интервјуа, секторски анализи и стратегии за глобален настап. Едицијата ќе се објави на крајот на октомври 2025 година, во висококвалитетно печатено издание, кое се дистрибуира до државни институции, бизнис комори, амбасади и донесувачи на одлуки.

    Промовирајте го вашиот корпоративен бренд пред таргетирана бизнис публика и зголемете ја видливоста меѓу врвните одлучувачи.

    Резервирајте простор и одберете некој од опциите за претставување: профил на компанија, ПР објава, визуелно претставување на брендот или интервју во во едицијата, како и промоција на специјализираната платформа ИзвозМК и социјалните мрежи.

    За повеќе информации за можностите за комерцијално претставување контактирајте нè на: 📧: marketing@izvoz.mk и contact@izvoz.mk или на телефонскиот број 📞 070 401 162.

    error: Content is protected !!