Најголемата македонската прехранбена компанија Витаминка од Прилеп ги објави податоците за работењето во првата половина годинава кои покажуваат раст на приходите од продажба и зголемена профитабилност.
Објавените нереведирани поединечни финансиски извештаи покажуваат дека во првите шест месеци годинава Витаминка работела со вкупни приходи од продажба од 21,2 милиони евра, што е раст од 12% во споредба со истиот период минатата година.
Раст бележат приходите од продажба на домашниот пазар, но и уште поголем раст продажбите на странските пазари.
Од продажба на домашниот пазар компанијата во првата половина годинава заработила 12,8 милиони евра, кои се за 9% поголеми во споредба со лани.
Приходите од продажба на странски пазари во првите шест месеци годинава учествувале со околу 40% во вкупните приходи од продажба и тие се зголемени за 17%, на 8,38 милиони евра.
Оперативни расходи на Витаминка во првите шест месеци годинава се зголемени за 15% и изнесувале 20,9 милиони евра, што пред се се должи на континиуираниот раст на цените на суровините и репроматеријалите на светско ниво.
Витаминка првата половина годинава ја завршила со оперативна добивка од околу 429 илјади евра, која е за 20% поголема во споредба со истиот период минатата година.
Од Витаминка информираат дека во првата половина годинава инвестирале околу 1,4 милиони евра во опрема и основни средства, не реализирале дополнителни нови вработувања, а долгорочната задолженост е зголемена за 7% во споредба со истиот период лани.
Вкупната добивка, пак, вклучувајќи ги дополнителните финансиски приходи на компанијата за истиот период изнесувала околу 616 илјади евра и е повеќекратно поголема од истиот период лани кога изнесувала само 16 илјади евра.