Volkswagen не очекува глобалниот недостиг на полупроводници да заврши оваа година, иако тој проблем дополнително треба малку да се намали во втората половина, изјави Мурат Аксел, шеф за набавки и член на Управниот одбор за списанието Automobilwoche.
„Нестабилната ситуација ќе влијае на нас барем по првата половина од оваа година“, изјави Аксел
Производителите на автомобили ширум светот се погодени од недостиг на полупроводници предизвикан од прекини во синџирот на снабдување Ковид 19, како и од зголемената побарувачка на полупроводници кај електронските компании за широка потрошувачка.
Аксел рече дека има јасно структурни прашања во игра, при што побарувачката ќе продолжи да расте во индустријата за производство на автомобили.
Според Аксел, наместо да се бара отштета од добавувачите за испораките на чипови, фокусот бил ставен на тесна соработка со нив за да се обезбеди подобра достапност.
Треба да стане полесно да се прават сигурни предвидувања во 2023 година, кога ќе се појави поголем капацитет за производство на полупроводници, смета Акесел.