На 26 ноември ќе се одржи 6 FMCG Summit 2020, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Станува збор за најголемиот трговски настан во Македонија, кој едуцира, информира и ги обединува професионалците од секторот. Самитот се одржува еднаш годишно и секоја година има над 350 посетители. Годинава истиот ќе се одржи онлајн и ќе може да се следи бесплатно само на 26 ноември.

Ексклузивен гостин – говорник е д-р Надја Жексембаева, бизнис сопственик, едукатор, говорник и автор, жената нареченa „гуру за реинвенција“ и „кралица на повторното откривање“.

Говорници на настанот ќе бидат :

Антонио Зрилиќ, експерт за Supply Chain и логистика и основач на компанијата „Логико“

-Кина Демирел, директор за маркетинг комуникација и CRM во Migros Ticaret A.Ş.

Иван Крушковиќ, SEFF Commercial Leader Adriatic’s во „Нилсен“

Митка Мојсовска, финансов директoр на “КОЛА” Скопје

Ана Јелачиќ, партнер и сениор фасилитатор DesignThinkers Academy Adriatic

-Петар Ќорлука, сопственик на “Виолета“, БиХ

Јелена Кнежевиќ Влаховиќ, консултант и поранешен директор за набавка во Mercator S и Delhaize

Поликарп Арсеновски, основач и генерален менаџер на THRIVITY

Филип Станковиќ, научник за карактеризација на производи, Сектор за истражување и развој на Филип Морис Интернешнал, Нојшател Швајцарија.

Пријавете се БЕСПЛАТНО на следниов линк http://fmcg-summit.mk/#service