Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во својата економска предизборна програма се обврза да работи на развоен концепт базиран на модерна индустријализација и подобрување на извозните перформанси на компаниите, преку зголемување на бројот на извозни производи кои имаат повисоко ниво на додадена вредност, зголемување на бројот на извозни компании и бројот на извозни пазари.
“За таа цел, системски ќе ги поддржиме домашните производни капацитети во напорите за производно, техничко-технолошко, кадровско и организациско преструктурирање со цел градење на поголема конкурентност за настап на светските пазари и поголеми можности за интегрирање во националните, регионалните и глобалните синџири на снабдување”, се вели во економската програма.
За да поттикне одржлив раст на извозот, покрај подобрување на транспортната и енергетска инфраструктура, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на реформи во трговската политика преку:

-рационализирање и дигитализирање на граничните процедури и зајакнување на меѓуагенциската координација за да се намалат доцнењата во царинењето и непотребните трговски трошоци со главните трговски партнери;

• склучување на нови договори за слободна трговија заради зголемување на нивото на слободна трговија и опфат на поголем број производи што би се извезувале;

•помош на компаниите што се извозно ориентирани, на едно место да ги добијат информациите за потребната документација за пласман на производот;

– креирање на програми за промоција на извозот преку поддршка на извозно ориентираните компании во процесот на градење меѓународни брендови, поддршка на маркетиншки активности и учество на меѓународни саеми, организирање купопродажни мисии и други промотивни настани за извозно ориентирани компании.

За ВМРО-ДПМНЕ присуството на реномирани странски фирми во Македонија е шанса за домашните извозни фирми, во прва фаза да станат нивни доставувачи, а перспективно подоцна да започнат и сопствен директен извоз.

За полесно вклучување на домашните компании во ланецот на доставувачи на странските компании кои инвестирале во Македонија, во соработка со меѓународните финансиски институции ќе релизираме повеќе проекти и мерки. Активностите ќе придонесат за трансфер на технологии и know-how преку бизнис-соработка на домашните со мултинационалните компании, како и зголемување на вработеноста”, се вели во економската програма.

За таа цел, ветува дека:

• ќе ги мапира домашните компании кои имаат потенцијал да бидат доставувачи на големи мултинационални компании;

• ќе ги идентификува областите каде може да се направи подобрување на нивните перформанси во смисла на Моделот за извонредност на Европската фондација за менаџмент на квалитетот (EFQM);

• ќе креира индивидуални планови за компаниите со препораки како да ги подобрат стандардите, а за истото ќе биде обезбедена и соодветна техничка поддршка од експерти од соодветниот сектор;

• ќе обезбеди државна финансиска помош за инвестиции во нови капацитети во функција на интеграција во ланецот на доставувачи.

• ќе обезбеди државна финансиска помош за инвестиции во нови капацитети во функција на интеграција во ланецот на доставувачи.