Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,5%.

Според одлуката на регулаторна, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се зголемува за 0,5 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,772 ден/кг и сега ќе изнесува 36,009 ден/кг.

Од полноќ моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС ќе се продава по 95 69,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 за 71,5 денари за литар, додека новата цена на дизел горивата ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) ќе изнесува 62 денари за литар.

Најновото поскапување на горивата е без предвидената еколошка такса која Владата се очекува да ја воведе од 1 јули, а која ќе ги поскапи за дополнителни 3,5 денари.

“Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,681%, дизелот за 1,934%, екстра лесното масло за 1,962% и кај мазутот зголемувањето е за 2,07%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,724 отсто”, објаснуваат од Регулаторната комисија.