Тесните грла во снабдувањето со материјали и суровини и бројните проблеми во синџирите на снабдување влијаат се посилно врз германската индустрија. Статистиката покажува дека индустриските нарачки повторно паднаа во октомври, а економистите зборуваат дека ова треба да биде „предупредувачки истрел“ за економијата.
Компаниите од германската индустрија добија 6,9 % помалку нарачки во октомври отколку во претходниот месец, покажуваат податоците на Федералниот завод за статистика.
Така, падот е значително поголем од претпоставениот, бидејќи експертите претпоставуваа само минус од 0,5 проценти. Во споредба со претходната година, нарачките паднале за еден процент.

Откако нарачките се искачија на рекордно високо ниво во средината на годината, забележан е значителен пад во изминатите неколку месеци, коментира Федералното министерство за економија во Берлин.
Вториот остар пад на нарачките во последните три месеци значи дополнително потиснување на економските изгледи.
Сојузниот завод за статистика укажува и на падот на големите нарачки. Според ова, нарачана е значително помалку капитална стока како машини.

Предупредувачки удар врз економијата

„Ова е предупредувачки удар против заздравувањето на економијата“, кој покажува „дека нешто не е во ред“, коментираат економистите.
Додека домашниот бизнис забележа благ раст од 3,4 отсто, странската побарувачка особено се влоши. Овде нарачките паднаа за 13,1 отсто во однос на претходниот месец. Нарачките од еврозоната паднаа за 3,2 отсто, додека оние од остатокот од светот за 18,1 отсто.

Тесните грла во снабдувањето со суровините и материјалите, особено кризата со микрочиповите е една од главните причини за проблемите со кои се соочува германската индустрија.