Продажбата на автомобили во ЕУ во август на најниско ниво во последните 3 години, продажбата на ЕВ опадна за 44%, покажуваат најновите податоци на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).
Продажбата на нови автомобили во Европската унија падна за 18,3% во август на најниско ниво во последните три години, повлечена од двоцифрените падови во продажбите на големите пазари Германија, Франција и Италија, како и намалените продажби на електрични возила (EV), покажуваат најовите податоци од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).
Ова е четврт последователен месечен пад на продажбата на електрични возила, што ја поттикна ACEA да побара „итна акција“ за да се спречи понатамошен пад.
Од Асоцијацијата велат дека индустријата има потреба „институциите на ЕУ да излезат со итни мерки за помош пред да стапат на сила новите цели за емисии на јаглерод диоксид CO2 за автомобилите и комбињата во 2025 година“.
Продажбата на целосно електрични автомобили опадна за 43,9% во август, бидејќи најголемите пазари за електрични возила во блокот Германија и Франција забележаа пад од 68,8% и 33,1% соодветно, објави ACEA.
Продажбата на трите најголеми европски производители на автомобили Volkswagen Stellantis и Renault падна во однос на претходната година, за 14,8%, 29,5% и 13,9%, соодветно.
Продажбата на автомобили во Европа е под нивоата пред Ковид 19, а од Volkswagen изјавија дека овој тренд може да продолжи во догледна иднина.
Продажбата на производителот на електрични возила Tesla падна за 43,2% во август, а продажбите на кинескиот SAIC Motor паднаа за 27,5%.
Намалувањето на продажбата на електрични возила делумно се должи на различните политики за зелени стимулации низ ЕУ, додека регулаторите воведоа високи царини за да се обидат да ги стопираат напливот од евтини кинески електрили возила, што потенцијално ги зголемува куповните цени.
За да се обиде да го заживее пазарот, Германија во септември се согласи за даночни намалувања до 40% за компаниите на нивната продажба на ЕВ.
Хибридните електрични автомобили (HEV) веќе се здобија со популарност во ЕУ во последниве месеци, бидејќи купувачите ги гледаат како достапен компромис помеѓу целосно електричните и возилата со мотор со внатрешно согорување.
Продажбата на овој тип на возила се зголеми за 6,6% во август, достигнувајќи пазарен удел од 31,3%, покажаа податоците на ACEA.