Производството во германската индустрија се зголеми изненадувачки нагло во август, благодарение на силниот раст кај производителите на автомобили.

Во август вкупното производство се зголемило за 2,9% во однос на претходниот месец, објави Федералниот завод за статистика Дестатис. Аналитичарите очекуваа зголемување во просек, но само за 0,8%.

На годишно ниво, има пад на индустриското производството од 2,7%.

Според Дестатис, посилното производство во август главно се должи на подобриот развој во автомобилската индустрија. Дестатис забележа пораст од 19,3% во производството на моторни возила и делови за моторни возила во однос на претходниот месец. Во јули, производството во автомобилската индустрија значително опадна.

Сепак, ситуацијата во германската индустрија останува критична: нарачките добиени од германските индустриски компании неочекувано паднаа во август, што ги намали надежите за економско закрепнување во втората половина од годината. Недостигот на нарачки е и причината зошто не може да се зборува за добри изгледи за индустријата
Токми затоа зголемувањето на индустриското производство во август не е сигнал дека проблемите за германската индустрија се завршени.