Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ повеќе од 20 години ја претставува Македонската ИКТ индустрија и ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.
Соработката со ПроКредит банка започна пред повеќе од 6 години кога МАСИТ отвори своја сметка како клиент на банката со намера да го дигитализира процесот на плаќања, а земајќи предвид нашиот специфичен начин на плаќања со врзани потписи како и фактот дека ПроКредит беше една од поретките банки кои во тоа време нудеа таква можност. Оттогаш па досега сите наши трансакции брзо и едноставно ги спроведуваме онлајн, постојано имаме достапна целосна поддршка а сите промени поврзани со банкарските сметки ги спроведуваме со минимална физичка посета на банката. Би го споменале како голема придобивка и значителното поедноставување на процесирањето на девизните плаќања и приливи, кои како Комора која работи на регионални и Европски проекти се доста застапени во нашето секојдневно работење.
Покрај успешната соработка како клиент на банката, МАСИТ со ПроКредит во изминатите години на повеќе наврати соработуваа и на неколку различни активности при кои ПроКредит препознавајќи го МАСИТ како претставник на ИКТ индустријата а сакајќи да ја поддржи истата значително придонесе во реализација на неколку конференции и активности на МАСИТ. Од оваа година соработката дополнително се зајакна и со воспоставувањето на Патрон Партнерство помеѓу МАСИТ и ПроКредит.
Нашите планови во иднина се да продолжиме и да ја продлабочиме нашата поддршка на растот на ИКТ секторот преку низа на активности насочени кон подобрување на бизнис климата и регулативите за ИКТ компаниите на домашниот пазар, поддршка на ИКТ компаниите во нивните извозни активности, активности поврзани со развојот на ИКТ работната сила, како и поддршка на процесите за дигитализација во државата.
Имајќи ја ПроКредит Банка како Патрон партнер, кој не поддржува не само во делот на банкарско работење туку и како поддржувач на нашите активности, како МАСИТ остануваме посветени и фокусирани на нашата мисија да бидеме глас и ресурс на ИКТ секторот и очекуваме зајакнување на нашата позиција и препознаеност како релевантен претставник на ИКТ секторот.