“ПроКредит Банка Македонија оваа година ќе биде ексклузивен партнер на Македонско-Германското стопанско здружение”, информираат од Делегацијата на германското стопанство

ПроКредит Банка Македонија нуди банкарски услуги како за мали и средни претпријатија, така и за физички лица и е главно активна во Југоисточна и Источна Европа.

“Преку одговорно банкарство и услуги, ПроКредит Банка сака да даде придонес за одржлив економски развој во земјите во развој во кои работи групацијата.
Во име на Управниот одбор на Македонско-Германското стопанско здружение, би сакал да се заблагодарам на ПроКредит Банка Македонија, со чија поддршка Здружението во текот на целата година ќе може да ги зголеми своите активности”, вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.