Стопанската комора на Северна Македонија во рамки на Проектот: “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, кој се спроведува во партнерство со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), организира регионална конференција на тема: „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“.

Целта на конференцијата е да се презентираат можностите за интензивирање на трговската размена помеѓу земјите од Западен Балкан и да се поттикне соработка во насока на создавање на Заеднички регионален пазар.    

На настанот покрај претставници на бизнис заедницата на земјите од регионот предвидено е и присуство на претседателите на Коморите од ЗБ6, претставници на дипломатскиот кор и високи владини претставници. 

Повеќе информации прочитајте тука.