Рекордни 17 возила за одржување на хигиена во урбани средини, неделава излегоа од погоните на БРАКО и се испорачани кон метрополите во 5 европски земји.

Инжинерите и техничарите  во БРАКО навремено и прецизно ги завршија нарачките за вкупно 11 возила во Велика Британија, 3 возила во соседна Грција и по едно возило во Холандија, Германија и Франција.

Интересот за електрични возила продолжува да биде на високо ниво, но во испораката има и возило на погон на водород,  како и најновиот модел на возила на класичен погон, со унапредени филтри за намалени издувни гасови.

БРАКО продолжува да создава производи кои се пријателски кон природата, исполнувајќи ги критериумите на системот за управување со квалитет и животна средина.