САД, заедно со земјите од Г7 групата и Европската унија денеска ќе преземат мерки за да го отповикаат статусот на Русија „најповластена нација“ поради нејзината инвазија на Украина, објавува Ројтерс повикувајќи се на информации од повеќе луѓе запознаени со ситуацијата.

Одземањето на статусот на Русија на најповластена нација во рамки на членството на во СТО (Светската трговска организација) го отвора патот на западните земји да воведат царини со широк опсег на руски производи, зголемувајќи ја изолацијата на руската економија како одмазда за инвазијата.
Потезите на Вашингтон да ги засили санкциите кон Москва доаѓаат во моментот кога САД и европските претставници ја обвинуваат Русија за воени злосторства поради нејзиното бомбардирање на цивили во украинските градови, во услови на постојано прекршување на примирјето во кои секоја страна ја обвинува другата.

CNN објавува дека уште денеска се очекува американскиот претседател Џо Бајден да го соопшти тоа, по што ќе треба законската регулатива да биде усвоена од Конгресот.