На планетава може да се произведе доволно храна за сите а, има доволно земја за секого, но проблемот е како ние ја користиме таа земја и каква храна правиме, изјави Само Логин, основач и сопственик на Логин ЕКО, кој купи повеќе од 4.000 хектари земја во Војводина, каде што планира да се занимава со органско производство.
“Наша задача е здравата храна да ја направиме достапна за секого. Денеска често е привилегија, а мислам дека не треба да биде така”, истакна Логин за време на настапот на неодамнешниот ЦЕО Самит.
Креаторите на познатата видео игра Talking Tom, која стана популарна низ целиот свет, Словенците Иза и Само Логин го продадоа Outfit 7 за милијарда долари, а неодамна бизнис магазинот Finance ги прогласи за најбогати луѓе во Словенија, кои заедно имаат имот во вредност од 7,1 милијарди евра.
Нашиот план не беше да ја продадеме компанијата за 1 милијарда долари, туку целта беше да се занимаваме со непрофитни проекти кои ги решаваат предизвиците на модерното време. Кога го продадовме Outfit 7, нашите инвестициски банкари прашаа зошто продаваме сега кога компанијата е во најдобра форма, а јас одговорив ако не продадеме сега, алчноста победува. Мојот живот не се промени многу по продажбата. Човек може да спие само во еден кревет, во една куќа и да вози еден автомобил. Така што во одреден момент животниот стандард всушност и не се менува многу”, изјави Логин.
Што ќе прават во Војводина?
Словенците Логин во моментов во Војводина развиваат нови технологии и не користат ништо од животинско потекло во производството.
Развиваме технологија за зелено ѓубриво, бидејќи според мене тоа е единствениот одржлив начин земјоделците сами да произведуваат ѓубриво, се вели во изјавата за домашните медиуми од Логин. Тие засега се фокусирани на земјоделските култури како жито, сончоглед, грашок, соја, затоа шт се неизбежни за да се обезбеди човечка исхрана.
Во иднина сакаме да одиме на овоштарство, но се уште не сме таму. „Прво треба да ги совладаме технологиите за поедноставни култури“.
За нив, одржливото производство на храна е најголем предизвик за човештвото.
“Земјоделството е бизнис со ниска профитабилност”, вели Логин.
“Но, таму видовме огромен потенцијал за развој на технологијата, која би овозможила одржливо производство. Затоа што ако го споредиме земјоделството со другите индустрии, тоа се уште не е во 21 век. Нашиот најважен производ е знаењето. И целото знаење ќе го споделиме со секого бесплатно. Земјоделството е најголемиот загадувач и има големо влијание врз намалувањето на биолошката разновидност во светот. Државите би можеле да направат многу со законите за да го подобрат. Немаме технологија за подобро производство, но тој дел ќе го решиме”, велат Логин.
Компанијата во Србија „Логин Еко“ вработува 65 лица.
Извор: Novosti