Солунското пристаниште е првото грчко пристаниште кое воведе блокчејн технологија преку интеграција со TradeLens, дигитална логистичка платформа поддржана од пет од шесте најголеми океански превозници на глобално ниво. Целта е да се постигне трансформација на Солунското пристаниште во „паметно пристаниште“ преку паметни технологии за дигитализација на системи, за да обезбеди иновативни и врвни услуги со поедноставени процедури, создавајќи вишок вредност за пошироката пристанишна заедница.
Како што велат од ThPA S.A, компанијата која го управува пристаништето, Солунското пристаниште е порта за југоисточна, централна и источна Европа, па деталната видливост на движењата на контејнерските бродови е многу важен фактор.
Дигиталната платформа TradeLens, која е развиена од Maersk и IBM, промовира ефикасна, транспарентна и безбедна размена на информации за да поттикне поголема соработка и доверба низ глобалниот синџир на снабдување.
Понатаму, платформата TradeLens обезбедува видливост низ целиот синџир на снабдување, вклучувајќи директни интеграции со повеќе од 180 пристаништа и терминали, над 15 царински органи ширум светот и зголемен број интермодални провајдери.
Интеграција на Солунското пристаниште до платформата Tradelens, значително го подобрува управувањето со пристаништето и го оптимизира и забрзува процесот на донесување одлуки.
Извршниот претседател на Управниот одбор на ThPA S.A., Танос Лиагкос, истакна „Употребата на платформата Tradelens придонесува за зголемување на оперативната ефикасност, преку подобра видливост на протокот на контејнерите низ повеќе режими, истовремено подобрувајќи го влијанието врз климатските промени. Приклучувањето кон платформата TradeLens е одличен чекор напред за ThPA S.A. – Солунското пристаниште ќе ја предводи промената во грчката интермодална логистичка индустрија, пионер во дигитализацијата на синџирот на снабдување во Југоисточна Европа.