Соседна Србија полека станува лидер кога е во прашање извозот на храна за кучиња и мачки. Само од почетокот на оваа година, продажбата во странство е зголемена за околу 53,2 % во однос на изминатата 2020 година. Се очекува вредноста на извозот годинава да надмине 100 милиони евра, пишува српски Новости.
Истовремено, расте и увозот на храна за мачки и кучиња, па годинава тој е за 46% поголем од лани.
Србија извезува храна за кучиња и мачки во 44 земји, повеќето од нив на пазарите во ЕУ и регионалните пазари. Во првите девет месеци, српските компании извезувале храна за кучиња и мачки во Русија, Италија, Турција, Грција, Индија, САД, Франција, Израел, Германија, целиот регион, Канада, Бразил, Обединетото Кралство, Танзанија, Барбадос, Јапонија, Албанија, Грузија. , Молдавија…
“Србија е препознатлива како добар производител и тоа е една од главните причини зошто овие производи се продаваат во целиот свет”, вели Ненад Будимовиќ, секретар на Здружението за сточарство и преработка на сточарски производи при Стопанската комора на Србија.
Србија извезува готова храна и гранули, но некаде се извезуваат и полупроизводи, кои понатаму се преработуваат, како на пример, во Чешка. Сертификатите се усогласени, тие се добри производители и тоа е позитивен пример как може добро да се работи и извезува, вели Будимовиќ.
Како што се зголемува бројот на домашни миленици во светот, така се зголемува и побарувачката за овој вид на производи, а овој бизнис станува се попрофитабилен.
Во Србија во моментов работат осум компании, кои ги зголемуваат своите капацитети и производство за да можат да го задоволат пазарот кој се повеќе расте, посебно во земјите од ЕУ.
Според статистиката на Државниот завод за статистика, Македонија минатата година остварила извоз на храна за мачки и кучиња од само 38 илјади долари, но затоа, пак, увозот на ваква храна чинел над 5,7 милиони долари. Во споредба со 2017 година, увозот на храна во земјава се зголемил за 62% или за 2,1 милион долари.