Србија има штета од над 460 милиони евра од воведувањето на косовските царини

Според министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Јајиќ досегашните штети за Србија од воведувањето на царините за српските производи пред 14 месеци изнесува 461 милиони евра.

Тој оценува дека последиците за српските бизнисмените кои соработувале со косовските бизнисмени ќе бидат долгорочни, бидејќи прашање е кога ќе можат да се вратат на тој пазар дури и кога ќе бидат укинати цариниет.

Косовските увозници веќе плаќаат поскапа пченица затоа што нема замена за некои стоки од Србија, но дека другите околни земји и региони ги искористиле царините за зголемен извоз на своите производи во Косово.

Министерот Јајиќ смета дека ќе има проблеми дури и ако Приштина ги укине царините и воведе реципроцитет и побара на фактурите да пишува Република Косово, затоа што тешко дека нашите царински служби ќе дозволат излез на вакви стоки од Србија .

Косовската влада предводена од Рамуш Харадинај во ноември 2018 година воведе царини од 100% за увоз на производи од Србија и БиХ, кое тогаш беше објаснето како одговор на агерсивната кампања која Србија ја води против Косово, што доведе до прекинување на дијалогот помеѓу двете земји.