Од Србија лани била извезена храна за мачиња и кучиња во вредност од 225 милиони долари, зголемување од 47,5% во споредба со претходната 2022 година.
Според остварениот извоз Србија се рангира како 21 најголем извозник на храна за мачиња и кучиња во светот, а најголем извозник од регионот, покажуваат податоците на Worldtopexport. Далеку зад Србија е Грција со извоз вреден 17 милион долари во 2023 година, Хрватска со извоз од 13,5 милиони долари, Бугарија со извоз од 9 милиони долари, Словенија со извоз од 8,3 милиони долари и Босна и Херцеговина со извоз од 1,8 милиони долари.
Србија извезува храна за кучиња и мачки во над земји, повеќето од нив на пазарите во ЕУ и регионалните пазари.
Србија извезува готова храна и гранули, но некаде се извезуваат и полупроизводи, кои понатаму се преработуваат, како на пример, во Чешка.
Како што се зголемува бројот на домашни миленици во светот, така се зголемува и побарувачката за овој вид на производи, а овој бизнис станува се попрофитабилен.
Во Србија во моментов работат осум компании, кои ги зголемуваат своите капацитети и производство за да можат да го задоволат пазарот кој се повеќе расте, посебно во земјите од ЕУ.
Според статистиката на Државниот завод за статистика, Македонија минатата година остварила извоз на храна за мачки и кучиња од само 66 илјади долари, но затоа, пак, увозот на ваква храна чинел 10 милиони долари. За споредба во 2019 година, увозот на храна за домашни миленичиња изнесувала 4,3 милиони долари.
Најголем извозник на храна за домашни миленичиња во светот минатата гдина била Германија со извоз вреден 3,2 милијарди долари. Следат САД и Франција со извоз од по 2,4 милијарди долари, Тајланд со извоз од 2 милијарди долари и Полска со извоз од 2 милијарди долари.