Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ изјави дека наскоро ќе отпатува во Јужна Кореја за да ги започне преговорите за потпишување договор за слободна трговија.

„Јужна Кореја е земја која порано беше многу сиромашна, но долго време за неа не се зборува за азиски тигар, туку за земја која припаѓа на најразвиените светски економии“, рече Момировиќ во гостувањето на ТВ К1.

Тој рече дека Јужна Кореја е меѓу 20-те најразвиени земји во светот и дека е влезена во петтата индустриска револуција. Оваа земја, рече тој, „има најмодерни автомобили, таблети и цела индустрија поврзана со ИТ“.

„Нашата цел е да потпишеме договор за слободна трговија со Јужна Кореја, да извезуваме уште повеќе производи таму и дополнително да ги поврземе економиите, да ги зголемиме инвестициите кои носат високи плати и високи технологии“, рече Момировиќ.

Во јули годинава на сила стапи Договорот за слободна трговија помеѓу Кина и Србија, кој на српските извозици им обезбедува пласман на нивните производи без царина на огромниот кинески пазар, а при крај е и потпишувањето на договори за слободна трговија со Египет и Обединети Арапски Емирати.