Српската компанија Делта холдинг, во сопственост на српскиот бизнисмен Мирослав Мишковиќ, ќе инвестира 100 милиони евра во нова платформа за е-трговија. Платформата, наречена Ананас, ќе биде лансирана во првата половина на оваа година, се вели во изјавата на Делта холдинг.
„На почетокот, ќе го покриеме српскиот пазар, но имаме намера многу брзо да бидеме присутни на пазарите на поранешна Југославија плус Албанија“, велат од Делта Холдинг.
Платформата ќе се одликува со голем асортиман на стоки, соработка со најголемите добавувачи и целосно ново корисничко искуство.
“Со финансиската моќ и инвестициското искуство што го има Делта, убедени сме дека можеме да создадеме регионален гигант во трговијата преку Интернет. Платформата Ананас ќе им понуди на клиентите нешто на што не се навикнати во домашната трговија, а го имаат само најголемите глобални трговци како Амазон или АлиЕкспрес. На самиот почеток ќе го покриеме српскиот пазар, но со намера да бидеме присутни на пазарите во поранешна Југославија многу скоро, плус Албанија – вели Марија Десивојевиќ Цветковиќ”, потпретседател на Делта за стратегија и развој.
Делта Холдинг објави минатата година била една од најсложените доасега за водење бизнис и ја завршиле со вкупни приходи од 511 милиони евра, годишен пад од 2%, но и раст од 7,5% на ЕБИТДА на 46,5 милиони евра во 2020 година.
Делта Холдинг во февруари годинава слави 30 години постоење, а присутна е во трговијата, земјоделството, транспорт и недвижности.
Извор: DeltaHolding.rs