Дознајте повеќе за специјализирана платформа ИзвозМК

на 21 јануари стартуваше ИзвозМК, специјализирана платформа за промоција и поддршка на македонскиот извоз и македонските извозни компании.

Главниот фокус е ставен на порталот www.izvoz.mk, кој има за цел на едно место да ги обедини сите важни информации од земјата и светот, пазарните трендови, како и да ги сподели успешните домашни и странски примери и добри практики во градење на успешна извозна стратегија.

Преку специјализираните категории Export Intelligence, Извозен водич, Саеми, Извозни пазари,  се објавуваат најнови трендови, истражувања и анализи кои можат да им бидат од корист на компаниите кои веќе извезуваат производи и услуги или сакаат да ги направат почетните чекори за интернационализација на својот бизнис.

Исто така, на порталот www.izvoz.mk е објавуваат и информации од областа на:

Транспорт и логистика –во посебна рубрика на порталот се опфатени информации за најважните вести и најновите трендови во областа на транспортот и логистиката, како и понудата на производи и услуги од страна на транспортните и логистичките компании во земјата кои играат важна улога за олеснување на извзозот и трговијата со странство.

Финансиски услуги – во посебна рубрика  се објавуваат најнови информации и понудите на производи и услуги кои ги нудат деловните банки и финансиски институции, како и производите и услугите на осигурителните компании, на државната развојна банка и другите институции за поддршка на извозот и трговијата.

Во услови кога во Македонија извезуваат само 3.500 компании, што е околу 6,5% од вкупно 53.669 активни фирми, а извозот учествува со околу 55% од Бруто домашниот производ (БДП), од пресудно значење е да се зголеми извозот, преку зголемување на бројот на фирми кои извезуваат, отворање на нови пазари и производство на нови извозни производи, преку обезбедување на целосна институционална поддршка на фирмите за полесен и поуспешен настап на странските пазари.

Целта на Извоз.МК е да се зголеми свесноста кај јавноста и носителите на економските политики дека за мали економии, како што е македонската, извозот е од пресудно значење за остварување на поголем економски раст и развој, повисоки плати и повисок и поквалитетен животен стандард.

Мисијата за зголемување на извозот во државата може да биде успешна само ако на неа работат и дадат свој придонес сите институции, почнувајќи од државната и локалната администрација, министерствата, економската дипломатија и македонските амбасади низ светот, финансиските и осигурителни институции, стопанските комори, извозните компании, Царината, Развојната банка, научно-образовните институции и сите носители на економски политики.

Извоз.МК е биде отворен за предлозите и идеите на сите чинители кои можат да придонесат  во градењето на клима за подобар животен стандард преку поголем и поконкурентен извоз.