Taiwan Semiconductor Manufacturing Co (TSMC) се согласи да изгради фабрика од 10 милијарди евра (11 милијарди долари) во источна Германија во партнерство со Infineon Technologies AG, NXP Semiconductors NV и Robert Bosch GmbH.
Тајванскиот производител на полупроводници TSMC објави дека ќе инвестира 3,5 милијарди евра во изградбаta на фабриката во близина на Дрезден во која TSMC ќе има 70% удел во заедничката компанија, а Bosch, Infineon и NXP ќе имаат по 10%.
Ова ќе биде првата фабрика за полупроводници на TSMC во Европа, а се очекува да биде отворена во 2027 година, пренесува Ројтерс.
Фабриката е планирано да започне со производство до крајот на 2027 година, а ќе обезбеди чипови за автомобилскиот и индустрискиот сектор и е прв чекор за TSMC во воспоставувањето големо европско присуство за да се спротивстави на ризиците од ескалацијата на американско-кинеските тензии.
Вкупната вредност на инвестицијата е 10,97 милијарди евра, а изградбата на оваа фабрика која ќе отвори околу 2.000 директни работни места со висока технологија, ќе добие силна финансиска поддршка германската влада и Европската унија.
Имено, владата на Германија се согласи да обезбеди дури 5 милијарди евра субвенции за фабриката на TSMC во Дрезден. Претходно германската влада се согласи да одобри помош од 10 милијарди евра за новата фабрика на Интел во Магдебург .
Новата локација ќе ги зајакне напорите на Европа да ја намали зависноста од Азија за увоз на витална технологија и доаѓа откако германските производители на автомобили, вклучително и Volkswagen AG и Porsche AG, го истакнаа својот голем интерес да имаат фабрика TSMC во најголемата европска економија.
Владите ширум светот жестоко се натпреваруваат за нови фабрики за чипови за да обезбедат поголема контрола врз полупроводниците клучни за повеќето електроника и технологии за следната генерација, вклучително и вештачката интелигенција.
Роберт Хабек, заменик на Шолц и министер за економија, рече дека „робусното“ домашно производство на полупроводници е клучно за одржување на глобалната конкурентност на Германија.